Соопштенија

Граѓаните добија нов уреден простор

Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ на ул. „Христо Узунов“ изврши подигнување на нова зелена површина, а дел од просторот e адаптиран во паркинг простор.

На оваа локација  бесправно уште пред 3 децении беа поставени  дваесетина лимени гаражи , а дел од нив беа сериозно навлезени во заштитниот појас на железничката пруга Велес-Битола.

Сега просторот е ослободен и преставува зелен заштитен појас со површина од 250м2 на кој е засадена висока вегетација од листопадни дрва и трева, а поставен е и систем за наводнување. Со изградбата на паркинг просторот обезбедени се  30 нови пракинг места во градот.

Истовремено се обнови зеленилото на ул. „Благој Ѓорев“ на потегот надвозник –игралиште „Тунел,“ со површина од 2540 м2.

Општина Велес во рамките на заложбите да ги уреди во целост узурпираните  површини,  апелира  до граѓаните да ги отстранат бесправно поставените гаражи  во продолжение на овој простор, а со цел на површината да се подигне нов парк.

Заштитата на животната средина и здравјето на луѓето  останува врвен приоритет на Општина Велес.

На фотографиите подолу е прикажана локацијата пред и потоа.