Соопштенија

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Врз  основа  на член  65 став (6) од  Законот за животна средина  („Службен весник на

Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08,  83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16),

Градоначалникот на Општина  Велес, на ден   26.10.2018 година  донесе

1. За планскиот документ  Изменување  и  дополнување  на  ДУП  за УБ 8  Општина Велес, кој  го  донесува  Општина Велес  потребно  е  да се спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина  согласно член 65  од  Законот  за животната средина.

2. Како органи  засегнати од  имплементација на планскиот документ  Изменување и    дополнување  на  ДУП   УБ  8   Општина  Велес  се  определуваат   следните: Министерство   за  транспорт  и   врски,    Министерство  за  животна  средина и просторно планирање,  Совет на Општина Велес.

 3. За планскиот  документ  Изменување  и  дополнување  на  ДУП  за  УБ 8 Општина Велес,  за  чија  изработка е  одговорна  Општина  Велес , а  го  донесува  Советот на  Општина   Велес,   донесувањето   на  планскиот   документ   Изменување  и дополнување    на    ДУП  за  УБ  8   Општина   Велес  ќе   има влијание врз животната средина.

 4. Обемот на  извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следниве аспекти: Сегашната   состојба  со   животната  средина   во  рамките  на   планскиот  опфат; Влијанијата   врз    животната    средина    со   планираните   намени   –    од  зона  А1   -  домување   во   станбени  куќи, Б1 - комерцијални  и  деловни  намени, Б4  -  деловни  простории,  Г2 -  лесна  и  незагадувачка  индустрија, Г3 – сервиси, Г4 -стоваришта и Е–инфраструктура; Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на  животната средина ( воздух,  почва,  води,  население и  човеково  здравје)  и  Индикаторите  преку  кои  ќе  се  следи  реализацијата  на планско решение.

 5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес  на следната веб адреса/и: veles.gov.mk.

 Против оваа одлука  јавноста  има право на  жалба до Министерството за животна средина и  просторно  планирање  во рок  од 15 дена  од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

Одлука
Формулар