Соопштенија

Конкурс за учество во финансирање на проекти за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година

Општина Велес ги информира и охрабрува сите здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата што делуваат во локалната заедница да земат учество на конкурсот за финансирање на проекти за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година.

Со цел да се промовираат европските културни вредности, односно преку млади таленти да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда во Велес, општината ќе изрази писмена поддршка и ќе овозможи локација за изведба без финансиски надомест.

Согласно условите на конкурсот, Предлог-проектите може да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво, самостојни и групни изложби; солистички, камерни и симфониски, етнофолклорни, рок и џез-концерти; театарски претстави и филмски проекции, или, пак, содржините да имаат  мултимедијален и интердисциплинарен карактер (акции, ликовни интервенции во урбан простор, хепенинзи, перформанси и сл.).

Локациите за нивното одржување може да бидат во установите од областа на културата, но и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои може да се „оживеат“ и да се „рестартираат“ како уметничка сцена.  

Манифестацијата ќе се одвива од 10 декември до 20 декември, а конкурсниот рок трае од 5.11.2018 до 4.12.2018 година

Млади креативци, Ве поттикнуваме да се обратите за писмена поддршка!

 

Со почит,

 

                                                                                                       Градоначалник

                                                                                                        на Општина Велес,

                                                                                                       Аце Коцевски

 

КОНКУРС