Соопштенија

Ивестување за истек на рок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Општина Велес известува дека врз основа на член 2 став 1 од Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти(„Сл.весник на РМ“ бр.190 од 25.12.2017 година), рокот за поднесување на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти истекува на 31 декември 2018 година.


Барањата комплетирани со геодетски елаборат се доставуваат до Граѓанскиот сервис центар при Општина Велес.