Соопштенија

Како ќе се трошат парите на граѓаните во 2019? Учествувајте во јавната расправа и одлучувајте за Велес

Почитувани сограѓани,

По утврдувањето на програмите за активностите на Општина Велес во 2019 година заедно со Вас, Ве повикуваме низ јавна расправа и јавна анкета на веб страницата и социјалниот профил на Општината да придонесете за финално утврдување на Буџетот на општината во 2019 година.

Вие имате право да одлучите како ќе се трошат Вашите пари во 2019 година и кој ќе бидат приоритетите за финансирање.

Ве покануваме од денеска до петок 21 Декември 2018 година, до 12 часот, сите Ваши коментари и предлози да ги доставите до одговорното лице на Општина Велес Лили Велковска на е-адреса:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ви благодариме за учеството во утврдувањето на буџетот за 2019 година кој им припаѓа на сите граѓани на Општина Велес.

Со Вашето активно учество ја креирате иднината на Велес

Ви благодариме


Нацрт буџет 2019