Соопштенија

Градоначалникот Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите

Нема зборови што можат да ја опишат неизмерната тага и болка за изгубените животи и траумите на преживеаните сограѓани во вчерашната кобна сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово. Во свое лично име,  во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани, изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

Велес сочувствува со Гостивар и другите градови чии граѓани ги изгубија животите.  Се надевам дека повредените лица брзо ќе закрепнат и ќе им се вратат на своите семејства. Општина Велес останува на располагање за било каква помош и поддршка во овие трагични моменти за Македонија. 

 

Градоначалник

на Општина Велес

Аце Коцевски