Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Мини маратонот „Да трчаме, здраво е“

Друштвото на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП) од Велес, на 18 мај 2019 година (сабота), ќе ја реализира активноста „Да трчаме, здраво е“ по тринаесетти пат.
Учество на мини маратонот „Да трчаме, здраво е“ ќе земат ученици од основните општински училишта од градот, а исто така, настанот е од отворен карактер и на истиот може да се приклучат сите граѓани кои сакаат да спортуваат / рекреираат.

Стартот на трката е закажан во 11:00 часот (пред главниот влез на СОУ “Гимназија Кочо Рацин“), а ќе продолжи по улица „Благој Ѓорев“ до „Пошта“ од каде учесниците ќе продолжат по улица „Алексо Демниевски - Бауман“ до целта, односно паркинг просторот позади Гимназијата.
Мини маратонот се реализира во соработка со Локалниот Совет за превенција од детско престапништво на Општина Велес и ова претставува втора активност која е предвидена да се реализира во рамки на Акцискиот план на Локалниот Совет за превенција од детско престапништво за 2019 година.