Соопштенија

СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог детален урбанистички план за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и УЕ10 дел од УБ 52, Градски парк, Општина Велес

Граници на опфатот се:

  • Од северната страна , границата на планскиот опфат почнува со пресек на осовината на отворен атмосферски канал (дел од КП бр. 1157/1) и продолжува на северна страна кон исток покрај КП бр. 1172 кон река Вардар
  • Источната граница на планскиот опфат се движи по осовината на планираното регулирано корито на река Вардар до пресек со магистралната улица „1“
  • На источната страна границата се движи кој југ по осовина на улица „1„ до пресек со улицата „Алексо Демниев“
  • На јужна страна границата се движи по осовината на улица „Алексо Демниев“ до пресек со железничката пруга.
  • На запад границата се дижи по коридорот на Македонски железници кон север до пресек со улица „Вардарска“ и продолжува по осовина на отворениот канал до почетната КП бр. 1172.

Опфатот е со површина од 17.4 ха.

Јавната анкета и Јавната презентација по  Предлог Детален урбанистички план за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и УЕ10 дел од УБ 52, Градски парк, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, од 15.07 до 31.07 2019 год., од 7,30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.07 2019 година во 10:00 часот во просториите на Општина Велес


Синтезен план