Соопштенија

Јавен увид во Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола за ДПТТ "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – локалитет ГРООТ Велес

Општина Велес ја изготви Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола за ДПТТ "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – локалитет ГРООТ Велес.

Во согласност со член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), оваа Нацрт-дозвола се става на увид на јавноста.
Засегнатата јавност има можност во следните 14 дена да ги достави своите забелешки во врска со Нацрт-дозволата.

Со почит,
Општина Велес