Соопштенија

Известување за градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на ул. „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Конески“

Ве изестуваме дека на ден 13.08.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на дел улица “Љубљанска“ во Велес, лоцирана под ООУ “Блаже Конески“.

Предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка ќе се изведуваат во периодот од 07:00 до 18:00 часот, за што ќе биде применет времен режим на сообраќај во тек на изведување на активностите, со наизменично пропуштање на возилата од спротивната насока.

Оттука апелираме за внимателно возење, внимателно движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знаци од страна на службените лица.