историја
Историја на Велес
Во срцето на Македонија, онаму каде три реки го ткаат времето, расте еден град посилен од животот. Распослан на просторот разигран од долините на планиските бисери, реките Тополка и Бабуна, надвиснат над моќниот Вардар, Велес расте низ искушенијата на историјата, низ симболичките значења на своите имиња.
Билазора, Вилазора, В’лес, Ќупурли, големиот град, град во шума, град на мостови...
Гордо издигнат над Таорската клисура, како пулс на животот во Центарот на Македонија, Велес ги чува во тишина сите огнови на балканските и светските војни, сите револуционерни движења, сите свои авангарди, својот еснаф, индустриската експанзија, автентичноста на културата и сите симболи на непокорниот дух на еден народ. Во историските записи врежан како град што го создале пајонските племиња во римскиот период, Велес сеуште ги интригира научниците со артефактите од бројните археолошки локалитети, некои од нив стари 70.000 години.
Каменот на древното „Кале“ во студенилото чува топли спомени за времиња бурни како водите Вардарски, мирни, како зајдисонцата над Велес. Тој древен камен ги ткае над просторот приказните за своето раѓање во 168 година п.н.е., за античките Македонци, за Римјаните, за првите Склавинии што овде во IV век ги создале словенските племиња. Шепоти за плачот на мајките по своите деца покосени од чумата, чува во себе 5 века на отоманско владеење, години на војни и револуции, илјадници напишани страници за маките и надежите македонски. Во молк тагува каменот по велешките синови чии имиња се врежале во вечноста. А, ноќе кога се ќе стивне, неговиот шепот допира до столетните јавори во срцето на градот како да сака во нив да ги вреже сите нераскажани приказни, велешки.
Овде на оваа Балканска крстосница, бијат дамарите на најеснафскиот град во Македонија, расте градот на најголемиот меѓу поетите, живее градот на Рацин чии стихови ја кршат тишината на кепенците и вревата на сокаците, како најтопла покана за секој намерник што патот го донел овде во срцето на Македонија,