антика

Антика

антички град Стоби Античкиот град Стоби бил пајонски, хеленистичко-македонски римски град.
Првиот литерарен спомен за Стоби потекнува од 197 год. п.н.е., кога на тоа место македонскиот крал Филип V ја поразил дарданската војска. Во изворите каде што римскиот историчар Ливиус го споменува овој податок, Стоби носи епитет на “стар град”, што секако не е случајно.

Урбаниот дел на Стоби се наоѓа опкружен со бедеми на вливот на Еригон во Ахиос денес познати под името Црна река и Вардар. Градот зафаќал мошне важна трговска и воена позиција. Променливите борби на македонците со северните соседи се судбоносни за Стоби. Стоби со околината дефинитивно паднал под македонска власт 217 год. п.н.е. за време на Филип V.

мозаик во Стоби Кога 168 год. п.н.е. римјаните го поразиле македонскиот крал Персеј кај Пидна, македонското кралство е сохрането. Македонија била поделена на четири независни административни области под римски протекторат, а Стоби станува центар на трговијата со сол на третата област. Во 148 год. п.н.е. Македонија станува римска провинција. Судејќи според спорадичните наоди, Стоби во пред римско време бил мало градче со површина од 2,5 ха. Дури од времето на преминот од старата во новата ера во градот настануваат значајни промени. Новиот град бил испланиран и зачнат наеднаш, на подготвен терен што бил осум пати поголем од дотогашната населба и населен веројатно со голем број на нови жители. Привлечени од римјаните и нивната стопанска и политичка моќ, во Стоби се населувале истовремено и жители од околината и населеници од хеленистичкиот свет.

Интензивното проширување на градот може да се поврзе со подигањето на неговиот статус во ранг на муниципиум што Стоби го имал уште 69 год. н.е. Прераснувањето на Стоби во град со самоуправен статус го посведочуваат епигравските споменици и ковањето на локалните монети со натпис “Муниципиум Стобенсиум” кои го опфаќаат времето од Веспазијан 69 год. до Елагабал 222 год. н.е.