XV - XVIII век
XV - XVIII век
Страница 2 од 3
Според оваа смисла Велес бил еден од ретките македонски градови во кои во ова време христијанскиот елемент бил водечки во стопанскиот живот. Тие ја чинеле велешката чаршија па со тоа градот станувал привлечен и за православниот клер, па и црковно средиште на нахијата. Сепак сеуште главен извор на приходи им е земјоделието.
Турскиот патеписец Евлија Челебија го опишува Велес од ова време. Главен објект е мостот на Вардар кого го објаснува како нов, дрвен мост со четири отвори, а неговиот современик Хаџи-Калфа го опишува како камен мост. И двајцата се во право. Едниот зборува за мостот кај стариот Велес, а другиот за мост во новата локација на местото каде Вардар се преминувал со сплав.
Кај мостот имало ан и педесет дуќани, а градот имал повеќе џамии, основно училиште, судница и бања. Сето ова било изградено на левиот брег на реката. На десната страна Евлија Челебија го лоцира Градскиот пазар.
И додека градот до крајот на XVI век имал не помалку од 10.000 жители, неговата богато разгранета селска мрежа надминувала 21.000 жители.
Етничкиот состав на селското население е македонско, турско, исламинизирано, јуручко, албанско и српско. Социјалната структура на селското население била едноставна - феудално зависно население со основно занимање земјоделство и сточарство.
Строго централизираното државно уредување на Турското царство ја спречувало прекумерната експлоатација на рајата, но пишаните закони не можеле да ја спречат злоупотребата на позициите на феудалците и великодостојниците. Најупотребувана форма на експлоатација на населението е наметнувањето бројни даноци. Мал бил бројот на привелигираната раја која имала специјални задолженија како соколари (фаќање и одгледување соколи) оризари, коњари и т.н.
Сето ова предизвикувало незадоволство и отпор кај народот и тој, во почетокот на XVII век почнал да се организира во вооружени групи, со што се појавило ајдутството. Во велешката околина имало идеални услови за негов развој поради густите шуми и бројните патишта по кои ги вршеле нападите. Појавата на ајдутските дружини предизвикала додатни репресии врз народот, а тоа пак уште поголема причина за бунтови и востанија.