култура
Култура
Во средниот век Велес е лулка на културата на балканот. Тука е напишан првиот драмски текст на македонски јазик од преродбеникот и учител Јордан Хаџи Константинов Џинот, во Велес на театарската сцена прв пат настапила жена, првата гимназија на Балканот е во Велес, и првата библиотека, и првото училиште, и првиот музеј, и првиот фотограф, и социјалист и.т.н.
Кочо Рацин
- синонимот на Велес синтеза од емоции, разум, бит и космополитност, филозофот, револуционерот и поетот е првиот македонец кој збирката песни „Бели Мугри“ ја отпечатува на македонски јазик и ги поставува темелите на современата македонска литература и култура.