институции
Институции од културата
Театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“
Познатиот антички – римски театар кој функционирал во древниот град Стоби пред две илјади години е дел од театарската традиција на овие простори. Традицијата ја продолжува просветителот и преродбеник Јордан Хаџи - Константинов Џинот чии напишани драмски текстови во 1845 година му го обезбедија приматот на основоположник на современиот театарски текст. Во познатиот центар на вековната театарска традиција, во градот Велес, од 1948 година работи професионален театар. Театарот денеска е стожер на културниот живот во Велес, со во просек, шест премиери годишно. Особено внимание кај тетарската публика привлекува постојаната актерска екипа која досега има освоено награди на бројни домашни и меѓународни фестивали. Малубројниот, но компактен ансамбл негува различни театарски жанрови и е носител на активностите за враќање на театарската традиција на сцената во древниот Стоби. Со цел да се зачува долгата театарска традиција и да се обезбедат услови за работа на новите генерации актери, режисери и сценски уметници, изготвен е проект за изградба на комплексен објект- Центар за култура, во кој ќе биде сместен новиот театар.
Матична библиотека „Гоце Делчев“
Некогаш првата библиотека во Македонија, денес матична библиотека „Гоце Делчев“-Велес, веќе 31 година е сместена во центарот на градот, во простор поделен на два дела. Во едниот дел се сместен библиотечниот фонд за возрасни и е поставена импровизирана читална, а во вториот дел се наоѓа одделението за деца. Матичната библиотека располага со библиотечен фонд од околу 10.000 книги и публикции. Библиотеката се грижи за набавка, обработка и одржување на библиотечниот фонд, негово користење и издавање. Покрај бисерите на македонската, европската и светската литература, таа располага и со мало роднокрајно одделение во кое се чуваат сите значајни досега објавени дела посветени на Велес низ историјата. За своите читатели, библиотеката нуди и дневни весници и списанија. Во моментов матичната библиотека „Гоце Делчев“ има 3.500 редовни читатели, а нејзините услуги ги користат околу 10.000 граѓани од сите националности и возрасти. Библиотеката располага и со литература на англиски и француски јазик. Со цел матичната библиотека во Велес да се приближи до европските стандарди за библиотечно работење во Европа, тековно се работи на обезбедување на нов простор за вршење на библиотечната дејност, компјутеризација и создавање на база на податоци за библиотечниот фонд. Во тек е и проект за отворање на точка за бесплатен пристап до Интернет за граѓаните на Велес, со што ќе се осовремени информативната дејност на библиотеката
Народен музеј
Објектот со специфична градска архитектура што го краси центарот на Велес, е седиште на велешката историја и култура. Овој прв повоен музеј во Македонија е отворен во далечната 1946 година. Сите посетители секој ден од 8-12 и од 16 до 20 часот имаат можност да ги видат вредните експонати изложени во археолошкото, историското, етнолошкото и одделението за историја на уметноста. Музејот располага со околу 3000 експонати од кои во постановките се изложени 1000. Особен интерес привлекува етнолошкото одделение каде се изложени раскошни градски и селски носии како и ентериери уредени според старата велешка архитектура. Интерес привлекуваат и останатите поставки, особено археолошкото одделение кое изобилува со експонати пронајдени на археолошките локалитети во регионот на Велес. Народниот музеј располага и со три спомен куќи, меморијален комплекс во село Горно Врановци и спомен костурница. Во рамките на стратегијата за развој музејот предвидува отворање и на палеонтолошко одделение во кое ќе бидат конзервирани експонати од времето на палеолитот со кои изобилува регионот на Велес.
Кино „11-ти Октомври“
Љубителите на филмската уметност, во Велес имаат можност да ги проследат најновите филмски хитови, но и евергрините во киното 11 Октомври. Киното располага со сала со капацитет од 550 седишта. Во летните периоди, кино проекциите се одвиваат на летна кино тераса адаптирана за овој период од годината. Филската уметност има долга историја во Велес. Во градот работеле и денес работат неколку режисери аматери кои претежно реализираат документарни и кратки филмови. Во Велес се реализирани и 7 проекта од македонската кинематографија.
Центар за детско творештво „Ѓоре Органџиев“
Во прилог на развојот на креативноста на децата и младите како и реализацијата на вонучилишни активности, во Велес работи Центарот за детско творештво „Ѓоре Органџиев“. Во центарот функционираат повеќе секции меѓу кои играорната група „Буба Мари“, балетската група „Црни мачиња“, ликовната секција и литературната секција. Овде децата имаат можност да изучуваат повеќе странски јазици и компјутерски вештини. Центарот кој располага со атрактивен простор и сала за јавни настани е организатор на традиционалната манифестација „Детски Рацинови средби“.