институции

Институции од културата


Матична библиотека „Гоце Делчев“

Некогаш првата библиотека во Македонија, денес матична библиотека „Гоце Делчев“-Велес, веќе 31 година е сместена во центарот на градот, во простор поделен на два дела. Во едниот дел се сместен библиотечниот фонд за возрасни и е поставена импровизирана читална, а во вториот дел се наоѓа одделението за деца. Матичната библиотека располага со библиотечен фонд од околу 10.000 книги и публикции. Библиотеката се грижи за набавка, обработка и одржување на библиотечниот фонд, негово користење и издавање. Покрај бисерите на македонската, европската и светската литература, таа располага и со мало роднокрајно одделение во кое се чуваат сите значајни досега објавени дела посветени на Велес низ историјата. За своите читатели, библиотеката нуди и дневни весници и списанија. Во моментов матичната библиотека „Гоце Делчев“ има 3.500 редовни читатели, а нејзините услуги ги користат околу 10.000 граѓани од сите националности и возрасти. Библиотеката располага и со литература на англиски и француски јазик. Со цел матичната библиотека во Велес да се приближи до европските стандарди за библиотечно работење во Европа, тековно се работи на обезбедување на нов простор за вршење на библиотечната дејност, компјутеризација и создавање на база на податоци за библиотечниот фонд. Во тек е и проект за отворање на точка за бесплатен пристап до Интернет за граѓаните на Велес, со што ќе се осовремени информативната дејност на библиотеката