споменици
Споменици
Спомен куќа на Кочо Рацин
Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни Коста Солев – Рацин во 1962 година е целосно реставрирана. Приземјето е изградено од камен, на катот доминира фасада со бела боја, а покривот е висок и покриен со керамиди. Двокрилна порта од дрво води во тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзинот под има мала скривница. Чардакот на куќата е споен со фурната. На спротивниот крај чардакот со скали води кон повисок чардак. Во спомен куќата на Рацин денеска се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело.
Спомен куќа на Васил Главинов
Спомен куќата на првиот пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија Васил Главинов, денес е музеј посветен на неговиот живот и дело. Куќата се смета за еден од најубавите белези на старатa велешка архитектура. На првиот кат од куќата се наоѓа чардакот кој од левата страна продолжува во гостинска одаја. Од десната страна на чардакот има две други простории. Гостинската одаја има врата со правилна форма. Прозорците се со хоризонтални и вертикални пречки, а завршуваат во баркона форма. На вториот кат се наоѓа чардак со неправилна форма.
Спомен куќа на Јордан Хаџи-Константинов Џинот
Куќата на еден од најзначајните македонски просветители и преродбеници Јордан Хаџи Константинов-Џинот е изградена на левата страна на реката Вардар, во велешкиот сокак. Куќата се одликува со специфична сатроградска архитектура во која доминираат ѕидови од кршен камен, жолта фасада, дрвени столбови и дрвена ограда со тобозани. Чардакот е динамичен, на три нивоа и во квадратна форма се надвиснува над високиот камен. Поради специфичната староградска архитектура и историското значење на куќата на еден од најголемите преродбеници, Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците на културата оваа куќа ја прогласија за споменик на културата. Општина Велес тековно работи на реставрација на куќата која ќе биде претворена во спомен музеј посветен на животот и делото на Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Градски саат
Изградена во првата половина на XVI век, кулата во централното градско подрачје служела како осматрачница за отоманските власти. Кон крајот на XVIII век, во пeриодот на преродбата во Велес, кулата била претворена во градски саат. Оттогаш камбанаријата на саатот е постојан потсетник за времето за граѓаните на Велес. Со својата специфична архитектура, оваа градба од камен со раскошен врв денес е неодминлив симбол на Велес, присутен и на грбот и знамето на градот. Кулата овозможува убав поглед на централното градско подрачје. Ентериерот кој е израз на древната игра на дрвото и каменот ја прави оваа туристика атракција уште поинтересна. Градскиот саат кој им одолеал на вековите, веднаш го привлекува вниманието на љубителите на специфичната урбана архитектура.
Спомен костурница
Импозантниот споменик изграден во 1979 година веднаш над влезот во Велес, од неговата десна страна, е вечен дом на стотина велешки борци кои во втората светска војна загинаа за остварување на вековниот сон за слобода на македонскиот народ. Споменикот, изграден во форма на aфионов цвет е дело на академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектoт Саво Суботин од Србија и Црна гора. Во централниот дел на внатрешноста е поставен симболот на слободата во форма на расцветано дрво, додека по сите страни од ѕидовите е распослан најголемиот мозаичен комплекс во Македонија, дело на академскиот сликар Петар Мазев. На вкупна површина од 220 м2, преку една композиција составена од пет слики, авторот ја насликал историјата на македонскиот народ од Илинденската епопеја преку социјалните превривања меѓу двете светски војни,периодот на народно ослободителната војна и сенародното востание, се до победата над фашистичкиот окупатор, повоената изградба на Македонија и слободата како врвна придобивка. Мозаикот е направен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, во повеќе бои, преку кои едни од други се одвојуваат симболите и формите.
Споменици на Кочо Рацин
Во чест на патронот на велешката Гимназија, во 1968 година на Кочо Солев Рацин во неговиот роден град за прв пат му е поставен споменик. Споменикот е дело на академскиот вајар Димко Тодоровски кој преку преку надприродната големина на фигурата на Рацин направил обид за? претставување на големината на македонскиот народ. Изработен е од глина и излиен во бронза. Традиционално пред него секоја година во Велес започнува меѓународната средбата на поетите посветена на делото на ненадминливиот поет и револуционер.
И во центарот на Велес, наспроти градскиот саат се издига споменик на основоположникот на современата македонска поезија Кочо Солев Рацин. Споменикот поставен во 2002 година е дело на акдемик Томе Серафимовски. Висок е 2,80 метри и тежок 500 килограми. Фигурата на Рацин е излеана во бронза. Споменикот е донација на македонскиот бизнисмен Трифун Костовски.
Споменик на Гемиџиите
На левиот брег на реката Вардар, на уредено плато на кејот се издига споменикот посветен на Гемиџиите. Споменикот е поставен во чест на големиот јубилеј „100 години Илинденско востание - 100 години македонска државност“. Импозантниот споменик висок 6,5 метри, претставува сплет од 12 зраци што ги симболизираат дванаесетмината Гемиџии, кои во предвечерјето на Илинденското востание ги извршија познатите Солунски атентати, во обид да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање. Споменикот е дело на академскиот скулптор Станко Павлевски. Крај споменикот е поставена плоча со имињата на гемиџиите на која е испишана нивната историска порака „Се арчиме за Македонија“.
Споменик на Панко Брашнар
Поставен e во новиот дел на градот на плато во непосредна близина на гарнизонот „Алексо Демниевски - Бауман“. Со пропорционална фигура споменикот го отликува делото на големиот македонски револуционер и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнар. Споменикот поставен во 2004 година, е дело на академскиот скулптор Петар Хаџи Бошков. Изработен од блок од мермер, со постаментот споменикот е висок над 4 метри. Идејата на скулптурата е да покажува повеќе фази од животот и делото на Панко Брашнар.
Споменик на велешките илинденци
„Војвода на коњ“, поставен во центарот на градот, помеѓу градскиот саат и споменикот на Кочо Рацин, посветен на велешките војводи, учесници во ослободувањето на Крушево и создавањето на славната Крушевска Република: Јован Наумов - Алабакот, Александар Димов - Докурчев и Тодор Христов - Офицерчето и на сите борци за слобода на Македонија.
Мономенталниот споменик е дело на академскиот склуптор Ангел Коруновски, излиен е во бронза, тежок два тони и заедно со постаментот е вискок 6 метри.