споменици

Споменици


Градски саат

градски саат Изградена во првата половина на XVI век, кулата во централното градско подрачје служела како осматрачница за отоманските власти. Кон крајот на XVIII век, во пeриодот на преродбата во Велес, кулата била претворена во градски саат. Оттогаш камбанаријата на саатот е постојан потсетник за времето за граѓаните на Велес. Со својата специфична архитектура, оваа градба од камен со раскошен врв денес е неодминлив симбол на Велес, присутен и на грбот и знамето на градот. Кулата овозможува убав поглед на централното градско подрачје. Ентериерот кој е израз на древната игра на дрвото и каменот ја прави оваа туристика атракција уште поинтересна. Градскиот саат кој им одолеал на вековите, веднаш го привлекува вниманието на љубителите на специфичната урбана архитектура.