споменици

Споменици


Споменици на Кочо Рацин

споменик на Рацин во дворот на истоиманта гимназија Во чест на патронот на велешката Гимназија, во 1968 година на Кочо Солев Рацин во неговиот роден град за прв пат му е поставен споменик. Споменикот е дело на академскиот вајар Димко Тодоровски кој преку преку надприродната големина на фигурата на Рацин направил обид за? претставување на големината на македонскиот народ. Изработен е од глина и излиен во бронза. Традиционално пред него секоја година во Велес започнува меѓународната средбата на поетите посветена на делото на ненадминливиот поет и револуционер.
споменик на Рацин во центарот на градот И во центарот на Велес, наспроти градскиот саат се издига споменик на основоположникот на современата македонска поезија Кочо Солев Рацин. Споменикот поставен во 2002 година е дело на акдемик Томе Серафимовски. Висок е 2,80 метри и тежок 500 килограми. Фигурата на Рацин е излеана во бронза. Споменикот е донација на македонскиот бизнисмен Трифун Костовски.