Аква парк
Аква парк - мв. „Бела Вода“ езеро „МЛАДОСТ“ Велес
Локација
- локацијата се наоѓа на северната страна на езерото „Младост“, во непосредна близина на постоечките мотели. Граничи со регионалниот пат Р-1102 од едната страна и борова шума ( низ која почнува и поминува пешачката патека околу езерото) од другата страна,а локацијата е видлива и од авто-патот М1 (Гевгелија-Скопје) кој поминува во близина над локацијата. Поволната местоположба, климатски услови, одличната сообраќајна поврзаност и самото езеро „Младост“ ја прават локацијата уште поатрактивна.
Одалеченост од поголемо место
- до Велес одалечено е 11 км
- до Скопје одалечено е 45 км
- до аеродом „А.Велики“ одалечено е 25 км
- до Штип одалечена е 45 км
- до с.Отовица одалечена е 2 км
Тип на земјиште
- земјоделско (нива)
Сопственост
- КП. бр.9,ко. Башино Село-вон г.р. Р.С. Македонија
Намена на земјиштето
- изградба на Аква парк со сите пропратни функции
Податоци за земјиштето
- вкупна површина- околу 2.6 ха површина за градење-зависи од урб. планска документација
Патна и железничка инфраструктура
- до самата локација поминува регионалниот пат Р-1102.(Скопје-Велес)
- на само 1 км.е приклучокот до авто-патот Е-75 ( Скопје- Гевгелија).
- Низ с.Отовица одалечено 2км. поминува железничката пруга Скопје-Кочани
- на почетокот на с.Отовица (одалечена 2км) е предвидена клучка која ќе ги поврзува новопредвидениот авто-пат А3 (Бугарија-Ресен) со авто-патот Скопје- Гевгелија со што локацијата ке биде достапна и за посетителите од Источна Северна Македонија
Водоснабдување
- не постои водовдна линија, но може да се реши со бунари или со приклучување на Хидро-системот „Лисиче“(кој е веќе во фаза на проектирање за целото езеро)
Одведување на отпадни води
- веке постои колекторски систем на кој може да се поврзе
Електроенергетска инфраструктура
- во непосредна близина постојат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја
Атрактивни природни ресурси
- езеро „Младост“ со богат рибен фонд еколошка чиста средина и специфична флора и фауна
Можности
- развој на транзитен, спортски, рекреативен, рибен и ловен туризам.
Урбанистичка документација
- во фаза на изработка
Потребна урбанистичка документација
- Урбанистички план за вон населено место