Езеро Младост
Езеро „МЛАДОСТ“ - Огромен туристички потенцијал
Локација
- на самиот автопат Е-75
- оддалеченост од Велес - 11 км
- оддалеченост од индустриска зона - 5 км
- се наоѓа на север од градот Велес и сообраќајно е поврзан со регионалниот пат Р-1102 (Скопје-Велес) кој поминува покрај брегот на езерото. Близината на автопатот Е-75 Скопје-Гевгелија (одалечен 1 км.), а сега и близината на трасата на новопредвидениот автопат А3 Бугарија-Ресен ја прави оваа локација уште поатрактивна.
- езерото и неговата околина се најчеста локација за одмор, рекреација и честа дестинација на камперите и љубителите на риболов поради богатиот рибен фонд не само на граѓаните од Велес и околните градови туку и на сите што транзитираат низ него. За таа цел Општина Велес веќе има донесено два детални урб.плана (два се во фаза на изработка) кои се наменети за изградба на различни содржини.
- со сите овие карактеристики оваа локација е врвен приоритет за локален економски развој и за развој на туризмот не само за Општина Велес туку и за Р.С. Македонија, поради што истата е предложена за промоција и развој на туризмот и привлекување на директни странски инвестиции во рамките на програмата на Владата на Р.С. Македонија.
Можности
- Развој на туризам, вински, ловен, риболовен, транзитен, спортски и забавен, рекреативен со развој на хотелиерство, камперство, во чиста и здрава животна средина.
- развој на транзитен, спортски, рекреативен, вински, рибен и ловен туризам поради атрактивноста на локација постои можност и за нејзино проширување
Одалеченост од поголемо место
- до Велес одалечено е 10 км.
- до Скопје одалечено е 45 км.
- до аеродом „А.Велики“ одалечено е 25 км.
- до граница со Србија одалечено е 70 км
- до граница со Грција одалечено е 80 км.
- до Штип одалечено е 45 км.
- до с.Отовица одалечено е 1 км.
Тип на земјиште
- поголемиот дел е урбанизиран
- неурбанизираниот дел е со нискостеблеста, борова, букова шума, пасишта и дел е земјоделско (ниви)
Сопственост
- поголемиот дел е на Р.С. Македонија
- дел е во приватна сопственост
Намена на земјиштето
- изградба на големи хотелски комплекси, мотели, домови, викенд населби, угостителски објекти, трговски објекти, аква парк со сите пропратни функции, зони за спорт и ререација, кампови со шатори, авто камп, уредени плажи со пропратни содржини, пешачки патеки, поставување на урбана опрема, клупи, корпи, поставување на сплав, гумени реквизити, жичари за скијање на вода,тобогани и слично.
Податоци за земјиштето
- вкупна површина- околу 70ха
- површина за градење-45ха опфатена со донесените урбанистички планови.
Патна и железничка инфраструктура
- низ самата локација поминува регионалниот пат Р-1102(Скопје-Велес)
- на само 1 км.е приклучокот до авто-патот Е-75 ( Скопје- Гевгелија).
- низ с.Отовица одалечено 1км. поминува железничката пруга Скопје-Кочани
- на почетокот на с.Отовица (одалечено 1км) е предвидена клучка која ќе ги поврзува новопредвидениот авто-пат А3(Бугарија-Ресен) со авто-патот Скопје-Гевгелија. со што локацијата ке биде достапна и за посетителите од Источна Република Северна Македонија.
Водоснабдување
- не постои водовдна линија, но може да се реши со бунари или со приклучување на Хидро-системот „Лисиче“ (кој е веќе во фаза на проектирање за целото езеро)
Одводување на отпадни води
- Веке постои колекторски систем на кој може да се поврзе
Елктроенергетска инфраструктура
- Во непосредна близина постојат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја
Атрактивни природни ресурси
- езеро „Младост“
- еколошка чиста средина
- специфична флора и фауна
- богат рибен фонд
Урбанистичка документација
- донесени 2-два детални урб.плана и во фаза на изработка на уште 2-два.
Потребна урбанистичка документација
- Урбанистички план за вон населено место