ИЗ Бабуна 1
Индустриска зона - Бабуна 1
Локација
- локалитетот се наоѓа на 5 км од градот Велес од десната страна на регионалниот пат Р-1102,Велес - Градско, после вливот на реката Бабуна во реката Вардар, со напомена дека долниот дел е порамен од горниот.
Одалеченост од поголемо место
- до Велес одалечено е 5 км.
- до с.Караслари е 2 км.
Тип на земјиште
- неурбанизирано
- запоставен лозов насад
Сопственост
- Р.Македонија
Намена на земјиштето
- изградба на индустриска зона
- намена Г-производство, дистрибуција, сервиси.
Податоци за земјиштето
- вкупна површина - околу 10 ха
- површина за градење-зависи од урбанистичката планска документација
Патна и железничка инфраструктура
- до локацијата поминува регионалниот пат Велес-Градско.
- до локацијата поминува железничката пруга Скопје-Гевгелија
- на 100 метри е приклучок на автопатот Е-75 Скопје-Гевгелија
- на само 1 км е приклучок на автопатот М1(Гевгелија-Скопје)
- на горната страна има директен пристап од земјен пат
Водоснабдување
- не постои водовдна линија, но може да се реши со бунари или зависно од инвестициите со приклучување на Хидро-системот „Лисиче“
Одведување на отпадни води
- не постои колекторски систем,но може да се реши со пречистителни станици(близина на река Вардар)
Електроенергетска инфраструктура
- во непосредна близина постојат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја
Атрактивни природни ресурси
- река Бабуна-100 метри
- езеро „Младост“-10 км,
Можности
- овие индустриски зони преставуваат една од потенцијално најдинамичните форми на економски развој на градот .
Урбанистичка документација
- нема
Потребна урбанистичка документација
- одлука бр. 07-6917/2 од 22.12.2012 год.на совет на Општина Велес за утврдување на потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација .