ИЗ Речани (ГУП)
Индустриска зона - Речани (по ГУП)
Локација
- Просторот кој го опфаќа планскиот документ се наоѓа во северниот дел на градот Велес-нас.Речани, урбана единица II, урбан блок 12 на КП бр.1606, 1607 ,1615 во м.в Локва, КО Башино Село и од КП бр.15651/1 во м.в Бавчи, КО Велес, Општина Велес. Просторот се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Р-1102 (Скопје –Велес) од неговата десна страна и е на север од административната зграда на Агрокомбинатот „Лозар“, а на југозапад со осовина на постојниот пат се до граничната линија на ко.Башино село. и граничи со индустриската зона „Речани 1“.
Одалеченост од поголемо место
- до Скопје одалечено е 55 км.
- до с.Градско одалечено е 25 км.
- до Штип одалечено е 40 км.
Тип на земјиште
- урбанизирано
Сопственост
- Р.Македонија
Намена на земјиштето
- класа на намена Г-производство,дистрибуција,сервиси
Податоци за земјиштето
- вкупна површина- околу 28 ха
Патна и железничка инфраструктура
- до источната страна на локација минува регионалниот пат Р-1102 (Скопје – Велес).
- до самиот влез на локацијата има веќе изградени два асфалтирани директни пристапи кои се поврзани со регионалниот пат Р-1102.
- до автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија) е одалечена 1 км
- до магистралниот пат М1(Гевгелија-Скопје) е одалечена 1 км.
- до железничката станица на Велес е одалечена 2 км.
Водоснабдување
- до самата локација постои водоводна линија од хидро-системот „Лисиче“
Одведување на отпадни води
- до самата локација постои приклучок за отпадни води.
Електроенергетска инфраструктура
- низ самата локација поминуваат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја.
Можности
- ваквата диспозиција на локалитетот наполно одговара за дотур на суровини и обратно – полуфабрикати, со што би се воспоставила неопходна спрега производство, мало стопанство или сервиси и услуги,индустрија-трговија и домување.Преку регионалниот пат кој поминува до локалитетот е остварена беспрекорна сообраќајна поврзаност со градот Велес,со регионот,со главниот град на Р.Македонија и пошироко.
- со реализација на планскиот документ ќе се обезбеди дооформување наинфраструктурата во планскиот опфат (сообраќајници и комунална инфраструктура) и воспоставување на економски и стопански врски со гравитационото подрачје како и развој на локалната и регионална економија и отварање на нови работни места со што ќе се создадат услови за унапредување на квалитетот на живеење во општината и подобрување на животниот стандард на населението.
Урбанистичка документација
- во фаза на изготвување е Измена и дополнување на Генерален Урбанистички План за УЕ 2-У.Блок 12,општина Велес, за пл.период 2012-2022 год., а веднаш по донесувањето на истиот веднаш ке се започне постапка за донесување и на ДУП за истата локација.