ИЗ Тунел
Индустриска зона „ТУНЕЛ“ за мало стопанство (сервиси)
Локација:
- локалитетот се наоѓа на југозападниот дел на градот и е во рамките на градскиот градежен реон. До локалитетот се доаѓа преку улицата „Благој Ѓорев“ која продолжува како магистралан пат преку н.Превалец до с.Богомила.Предметниот локалитет е на надморска висина од 260 м. и е на терен со благ пад кој е погоден за градба.
Одалеченост од поголемо место:
- до центарот на Велес одалечено е 1 км.
- до н.Превалец одалечено е 1 км.
- до с.Г.Оризари одалечено е 3 км.
- до с.Богомила одалечено е 40 км.
Тип на земјиште:
- урбанизирано,
- КП.17887, КО Велес
Сопственост:
- Р.Македонија
Намена на земјиштето:
- изградба на МС-мало стопанство и сервиси (Со оглед на близината на станбената населба, се предвидува изградба на објекти од најразлични дејности од областа на малото стопанство и производната дејност кои не влијаат штетно врз животната средина и немаат негативно влијание врз зоната на домување - магацини, складови, монтажа-демонтажа, разни мирни занаетчиски работилници, сервиси за поправка на автомобили и друга техника и сл).
- заштитно зеленило
Податоци за земјиштето:
- вкупна површина - 17300 м2
- површина за градење (сервиси-8739 м2, заштитно зеленило 2450 м2 и сообраќајни површини 6111 м2.)
Патна и железничка инфраструктура:
- локалитетот ја опфаќа магистралната улица „Благој Ѓорев“, собирната улица „Живко Фирфов“ и новопредвидената станбено локална улица.
Водоснабдување:
- може да се реши со приклучување на градската водоводна мрежа со доизградба на секундарна водоводна мрежа до новопредвидените објекти.
Одведување на отпадни води:
- се планира изградба на посебна канализациона мрежа за атмосверски води како и посебна канализациона мрежа за фекалната канализација која може да приклучи кон постоечката канализациона мрежа.
Електроенергетска инфраструктура:
- предвидено е напојувањето да се врши од новопредвидената трафостаница која се наоѓа во зоната на заштитно зеленило.
Можности:
- овие зони на мало стопанство и сервиси преставуваат еден од потенцијално најдинамичните форми на економски развој на градот и на државата.
Урбанистичка документација:
- Детален Урбанистички План „Тунел“ 2 - Општина Велес ,одлука бр.0701-1248/12 од 27.03.2007 год.