ИЗ Винарии Караслари

Индустриска зона - Винарии Караслари

Винската индустрија се повеќе се поистоветува со винскиот туризам  или енотуризам. Велешкиот  регион е богат со лозови насади и погоден за развивање на винскиот туризам  кој  подразбира посета на винарии, лозја, производство на вина, дегустација на вина, прошетки  по лозови насади, јавање на коњи  низ винариите, дегустација на автентична македонска храна.

Локација:

  • локалитетот се наоѓа на десната страна од магистралниот пат М1(Гевгелија-Скопје)
  • со подвозник е поврзан со автопатот Е-75(Скопје – Гевгелија)
  • одалечен е 9 км од Велес.
  • во непосредна близина на локалитетот наменет за инд.зона „Караслари“.

Одалеченост од поголемо место:

  • до  с.Караслари  одалечено е 100 м.
  • до  с.Градско  одалечено е 25км.
  • до  Велес одалечено е 9 км.
  • до Скопје одалечено е 60 км

Тип на земјиште:

  • неурбанизирано
  • земјоделско-ниви засеани со едногодишни култури

Сопственост:

  • Р.Македонија

Намена на земјиштето:

  • изградба на винарија

Податоци за земјиштето:

  • КП.1176  Ко Караслари со површина-5.46 ха.
  • површина за градење-зависи од урб. планска документација 

Патна и железничка инфраструктура:

  • магистралниот пат М1(Гевгелија-Скопје) на 100 м.
  • автопатот Е-75(Скопје –Гевгелија) на 150 м.
  • бензинска пумпа „Мак-оил“ со сопствен терминал 

Водоснабдување:

  • не постои водовдна линија, но може да се реши со бунари или зависно од инвестициите со приклучување на Хидро-системот „Лисиче“

Одведување на отпадни води:

  • не постои колекторски систем,но може да се реши со пречистителни станици –близина на река Вардар

Електроенергетска инфраструктура:

  • во непосредна близина постојат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја

Атрактивни природни ресурси:

  • езеро „Младост“ на 18 км

Можности:

  • развој на вински,етно,и транзитен туризам поради исклучителната сообраќајна  поврзаност со целиот регин и пошироко.
  • близина на две бензински пумпи, терминал за тешки возила
  • царински терминал
  • мотел „Македонија“

Урбанистичка документација:

  • започната е изработката на планот.

Потребна урбанистичка документација:

  • урбанистички план за вон населено место.