Локалитет Бреза
Локалитет „Бреза“- Велес
Локација
- локалитетот се наоѓа на 1190 метри надморска височина и на 26 км оддалеченост од градот Велес. Поволната местоположба и поволните климатски услови овозможуваат одржување на наставни содржини во природа, одмор, климатска рехабилитација и рекреација.
Одалеченост од поголемо место
- до с.Рлевци одалечено е 4 км.
- до с.Бузалково одалечено е 8 км.
- до Велес одалечено е 26 км.
Тип на земјиште
- неурбанизирано
- пасишта, дабова, букова и нискостеблеста шума
Сопственост
- Р.С. Македонија
Намена на земјиштето
- изградба на планински - туристички центар
- изградба на сместувачки капацитети - планинарски дом, одморалишта, мотели, хотели, викенд населба и сл.
- уредување на спортски терени (скијачка патека,пешачки и трим патеки, игралишта и сл.)
Податоци за земјиштето
- вкупна површина - околу 5 ха
- површина за градење-зависи од урб. планска документација
Патна и железничка инфраструктура
- до с.Бузалково патот е асфалтиран
- од с.Бузалково преку с.Рлевци до локацијата води земјен пат
Водоснабдување
- не постои водовдна линија, но може да се реши со бунари или зависно од инвестициите со приклучување на Хидро-системот „Лисиче“
Одведување на отпадни води
- не постои колекторски систем, но може да се реши со пречистителни станици
Електроенергетска инфраструктура
- во непосредна близина постојат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја
Атрактивни природни ресурси
- еколошка чиста средина, специфична флора и фауна
Можности
- развој на рурален планински,спортски, рекреативен и ловен туризам.
Урбанистичка документација
- нема
Потребна урбанистичка документација
- Урбанистички план за вон населено место