Локалитет Пешти
Долна Бабуна - Локалитет Пешти како транзитен туристички центар
Локација
- локалитетот се наоѓа долж кањонот на реката Бабуна (во должина од 400 метри), и е на 8 км. одалечено од Велес и авто-патот М1 (ГЕВГЕЛИЈА)
- Се карактеризира со природна убавина со повеќе ендемични врсти на растенија и животински свет. Во кањонот Пешти се надалеку познатите пештери (околу 50) стари и до 10.000 години и пештерската црква „Маркова пештера“, стара повеќе од 1000 год. Локалитетот нуди посебни атрактивни природни ресурси и потенцијали за развој на туризмот.
Одалеченост од поголемо место
- до Велес локацијата е одалечена 8 км.
- до с.Караслари локацијата е одалечено е 8 км.
Тип на земјиште
- неурбанизирано,
- дабова, букова и нискостеблеста шума.
Сопственост
- Р.Македонија
Намена на земјиштето
- изградба на спортско рекреативни центри со придружни содржини
- уредување на природен, културен и археолошки атрактивен локалитет
- изградба на угостителски и услужни дејности - летни ресторани, барови и плажи
- изградба на пешачки и трим патеки, скали, висечки мовчиња, урбана опрема
- изработка и продажба на сувенири
- изградба на планински-туристички центар
- изградба на сместувачки капацитети
- планинарски дом одморалишта
- мотели, хотели, викенд населба и сл.
Податоци за земјиштето
- вкупна површина околу 5ха површина за градење зависи од урб. планска документација
Патна, железничка инфраструктура
- од Авто-патот М1(Скопје-Гевгелија) е оддалечена 8 км.
- од вливот на р.Бабуна во р.Вардар до локацијата покрај реката Бабуна води земјен пат со должина 6км.
- од Велес до вливот на р.Бабуна во р.Вардар поминува регионалниот пат Велес - Градско. (од Велес е 4 км. до местото на влив.)
Водоснабдување
- не постои водовдна линија, но може да се реши со бунари или зависно од инвестициите со приклучување на Хидро-системот „Лисиче“.
Одведување на отпадни води
- не постои колекторски систем, но може да се реши со пречистителни станици
Електроенергетска инфраструктура
- во непосредна близина постојат електрични водови со кои би се решило потребното напојување на ел.струја
Атрактивни природни ресурси
- еколошка чиста средина, река Бабуна, 50 пештери од кои во неколку се пронајдени траги од живот од неолит,а во две (Макаровец и Маркова пештера) евидентно е постоење на пештерски цркви.
пештерите се дел од Националното културно богатство на Р.Македонија евидентирано во Заводот за заштита на споменици.
специфична флора и фауна, како на пример платанови дрва и сл.
Можности
- развој на рурален, транзитен, спортски, рекреативен, рибен и ловен и планински туризам, параглајдерство
Урбанистичка документација
- нема
Потребна урбанистичка документација
- Урбанистички план за вон населено место