Владата смее Градоначалникот не смее
Поточно, во вчерашните информативни емисии на националните медиуми, на новинарско прашање: Зошто Владата влегува во инвестиции во предизботен период, г-динот Груевски рече:
„Тоа што Собранието го изгласа ние го спроведуваме, па нормално е дека буџетот ќе се празни, буџетот се прави за да се искористи онака како што Парламенентот предвидел. Овие работи кои сега се прават се гласани во Парламентот по предлог на Владата и ние ќе ги реализираме. Дали треба да ги стопираме и чуваме парите и да гледаме негативно на македонската економија.“
- Обвинувањата за реализирање на програмите на Општина Велес, се кршење на законот, а градежните зафати на Владата се дел од утврдена Програма. Ова покажува дека истите припадници на иста политичка опција имаат двоен аршин за законите, истакна градоначалникот Аце Коцевски.
Вчерашната изјава на Груевски позитивно делуваше на вработените во општинската администрација кои сметаат дека ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес ќе ги почитува исказите на својот лидер.
Коцевски остави граѓаните да пресудат.
(26.03.2009)