Соработка во заштитата на архитектонското наследство

ImageШто е тоа што нераскинливо го поврзува Велес со древните и симпатични градови во Франција? Исполнети со раскошни легенди Ангулем и Бајон имаат древна душа исто како Велес. Овие два града се пример како се чува и се негува архитектонското наследство. Таму се дише низ каменот што околу градовите го има во изобилие. Потсетува на трајната приказна на куќата на Васил Главинов. Овде е лесно да се научи како да се изнајде патот помеѓу старото и новото без да се наруши ниту еден квадратен метар од просторот на градот.
 
ImageСо поддршка на Националната Асоцијација на Република Франција на градови со историја и уметност и градови со заштитени сектори, Општина Велес имаше можност на лице место да учествува во работата на асоцијацијата  Via patrimoine во Ангулем и  самата Национална Асоцијација во Бајон. Развојот на мрежата на градови со архитектонско наследство, организацијата на конференција во Македонија, резултатите постигнати на планот на заштитата на архитектонското  беа само дел од темите разгледани во рамките на ова децениско пријателство помеѓу македонските и француските градови и асоцијации.

ImageКако што нагласува Марилиз Ортиз, директорка на Националната Асоцијација на Република Франција на градови со историја и уметност и градови со заштитени сектори, Велес ,Скопје, Битола  и  воопшто Македонија имаат  многу приказни  за  светот. Единствено што треба да направиме е да најдеме начин да ги сочуваме сите наши приказни како што тоа го сторивме со куќата на Главинов, Рацин, Џинот, Касапови, Варналиите. Присуството на Општина Велес во Ангулем и Бајон  беше можност да се видат француските искуства, но и  прозорец кон иднината и трајните пријателства.
 
(30.03.2009)