СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
По повод 1-ви Април, Денот на Шегата, Општина Велес ги поканува најмладите велешани на традиционална Априлијада. Манифестацијата ќе се одржи на 01.04.2009 година (среда), со почеток во 11 часот, пред стоковната куќа од каде започнува традиционалното првоаприлско дефиле. Централната манифестација за одбележување на Денот на шегата ќе започне во 11: 30 часот во амфитеатарот во Младинскиот парк.
На велешката Априлијада ќе учествуваат ученици од I до IV-то одделение од основните училишта. Општина Велес ги поканува сите деца и нивните родители да им се придружат на учесниците на највеселата манифестација во Велес - Априлијада 2009.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
Аце Коцевски
на Општина Велес,
Аце Коцевски