Велес град на радоста

ImageПрвиот априлски ден во Велес донесе шаренило од бои, форми и насмевки. Најмладите велешани денот на шегата го прославија со голема фантазија и желба барем овој ден во годината да бидат некој друг-омилен лик од бајките и цртаните филмови. Општина Велес и годинава ја организираше традиционалната априлијада. По дефилето што донесе радост на велешките улици, учениците од I до IV одделение од основните општински училишта и училиштето „Маца Овчарова“ го претворија младинскиот парк во дом на многу светови.

Со нив се радуваа мајките, бабите, роднините, наставничките и воопшто сите возрасни кои имаа привилегија да бидат дел од безграничната детска фантазија. На сцената продефилираа принцези, полицајци, херои и многу други познати и непознати ликови. Општина Велес на сите весели учесници на Априлијадата 2009 им додели пригодни благодарници.
 
Image Image
 
Image Image 
 
(01.04.2009)