Во чест на Димче Мирчев

ImageДелегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на борците, граѓани и почитувачи на делото на народниот херој Димче Мирчев со положување на цвеќе пред неговата биста во Паркот на хероите, на 7-ми април ја одбележаа 65 годишнината од смртта на Мирчев.

Димче Мирчев останува запаметен во историјата на Велес и Република Македонија како еден од најзаслужните за формирањето на велешкиот партизански одред Димитар Влахов во април 1942 година и како заменик командант на одредот.  Освен во велешко, Мирчев работеше на зајакнување на револуционерната борба во Тиквешко. Загина во вооружена борба со бугарската полиција, на 7-ми април 1944 година. 65 годишнината од смртта на Димче Мирчев  беше одбележана и со пригодна културно уметничка програма што ја подготвија најмладите велешани од градинката што го носи неговото име.
 
ImageImage
 
ImageImage
 
(07.04.2009)