Горан Петров, Градоначалник на Општина Велес

Горан Петров, Градоначалник на Општина ВелесСо пригодна свеченост, во присуство на истакнати личности од јавниот живот, Елизабета Бочварова, претседател на Општинската изборна комисија им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Горан Петров и членовите на новиот состав на Советот на Општина Велес.
 
 
Аце КоцевскиВо заминување од функцијата Градоначалник што ја извршуваше во два мандата од 2000-та година до денес, Аце Коцевски изрази задоволство што Општина Велес ја остава со позитивно салдо на сметката, силни капацитети на општинската администрација и рејтинг на општина за пример. Во изјава за медиумите тој го потенцираше значењето на чинот на примопредавање на функцијата: „Самиот демократски чин на примопредавање на функцијата е израз на изградените европски вредности на Општина Велес“, рече Коцевски.

Горан Петров - обраќање кон јавностаВо своето обраќање на свеченоста Градоначалникот Горан Петров упати јавна благодарност до граѓаните што му ја дадоа довербата да ја извршува функцијата  во наредните 4 години:

„Ветувам дека од овој миг остануваат зад мене партиските обележја и дека се посветувам исклучиво на интересот на сите граѓани на Велес без разлика за кого го дале својот глас и без оглед на нивната етничка, верска и партиска припадност. Во периодот што следи ќе сторам се за подобрување на животниот стандард на граѓаните, урбаниот изглед на Велес и економскиот растеж  на градот“ рече Петров. Тој упати благодарност до досегашниот градоначалник Аце Коцевски и членовите на поранешниот состав на Советот што општината ја предаваат со позитивно салдо и изградени капацитети. „Тоа е добра основа за развој на Велес како Европски, економски атрактивен и културно препознатлив град“, потенцираше новиот градоначалник на Општина Велес. Во изјава за медиумите Петров напомена дека по разгледувањето на тековните состоби во општината ќе и соопшти на јавноста кои проекти ќе бидат приоритетни во наредниот период.

При примопредавањето на функцијата Коцевски и Петров остварија заедничка средба на која разговараа за актуелните состојби во општината.
 
Средба на Коцевски и Петров
 
(15.04.2009)