Велешани најуспешни на националниот Атлетски Велигденски крос
На традиционалниот Атлетски Велигденски крос што Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија го организираа на 15-ти април во Скопје, велешани постигнаа врвни резултати. Во конкуренција на учесници од голем број општини од Македонија, учениците од трета и четврта година во Општинските средни училишта во Велес, во машка конкуренција беа најуспешни.
Првото место го освои Кристијан Ефремов, второто Јованче Јанковски, а третото место му припадна на Ристе Ајдаров. Сите тројца се ученици во СОУ „Кочо Рацин“. Во женска конкуренција ученичките во ССОУ „Димитрија Чуповски“ покажаа завидни резултати: Даниела Јовановска се пласираше на второто место, Пенка Арсова на третото место, а Надица Ристова на четвртото.
Во екипна конкуренција, во оваа категорија екипата на Општина Велес го освои првото место и големиот пехар на организаторот.
(15.04.2009)