Амбасадорот Валеро во Велес

Image„Примопредавање на градоначалничката функција покажа дека Велес е демократска Општина на европско ниво. Тоа е многу важно затоа што на патот кон Европската Унија општините имаат значајна улога“, изјави Амбасадорот на Република Франција Бернар Валеро. Во рамките на официјалната работна посета на Велес, на 16 април годинава, тој оствари средба со градоначалникот Горан Петров.


Ставовите околу процесот на децентрализација, европските перспективи, билатералната соработка на културен и еконмски план беа само дел од темите на средбата. Во присуство на Жак Шлеф, регионален Советник на Мисијата на Сивпол на Европската Комисија и директор на фестивалот на етно музика Самерлид во Алзас, на средбата беше договорена конкретна соработка на културен план. На претстојното издание на манифестацијата Рацинови средби, во јуни годинава ќе учествуваат тројца истакнати уметници од Алзас, Франција.
 
ImageImage 
 
Градоначалникот Горан Петров изрази задоволство од досегашната соработка со Република Франција на планот на заштитата на архитектонското наследство што Велес ја остварува со француската Национална асоцијација на градови со уметност и историја како и од можностите за продлабочување на соработката. „Општина Велес е отворена за соработка со Република Франција како локална самоуправа  и на регионално ниво како центар на Вардарскиот плански регион и седиште на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство.“, рече Петров. Во периодот што следи општината ќе работи на реализација на проектните активности за продлабочување на биратерална соработка во доменот на културата и економскиот развој.
 
(16.04.2009)