Изложба на Живко Пренџов во Врање
На 15-ти април годинава, велешкиот ликовен уметник Живко Пренџов го претстави своето творештво пред љубителите на ликовната уметност во Врање, Република Србија. Изложбата ја отвори м-р. Џемил Бектовиќ, историчар на уметност и ликовен критичар од Скопје. Со самостојната изложба во Врање, Пренџов уште еднаш потврди дека уметниците се најголемите амбасадори на Велес. Делата од неговиот богат творечки опус предизвикаа голем интерес кај културна јавност во Врање. Изложбата е прво претставување на Живко Пренџов надвор од Република Македонија и ќе биде отворена до 30 април.