Конститутивна седница на Советот
Членовите на новиот состав на Советот на Општина Велес ја одржаа конститутивната седница. На седницата, на која членовите на Советот дадоа свечена изјава, за претседател на Советот е избран Славчо Чадиев. За претседател на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, членовите на Советот го избраа Александар Колев. Ова е петти состав на Советот на Општина Велес. Со 11 членови, ВМРО ДПМНЕ го доби мнозинството. Коалицијата СДСМ и ЛДП им 8 советнички места. По едно советничко место освоија ВМРО НП, ПОДЕМ, НСДП и Нова Демократија
(15.06.2009)