Велигденско јајце
На 16 април – (Велики четврток) во Младинскиот парк се одржа манифестацијата „Велигденско јајце“, На овој културен настан организиран од Општина Велес во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден зедоа учество учениците од сите основни и средни училишта од општината. За сите учесници Општина Велес обезбеди штандови и одредена количина јајца и бои.
И овој пат беше посебно доживување да се види креативноста и досетливоста на учесниците во манифестацијата. Велигденската акција беше со продажен карактер, а учениците сами ја утврдуваа цена за изложените експонати. Училиштата ќе одлучат за намената на средствата собрани од продажбата на велигденските јајца.
Манифестацијата ја посети Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров и воодушевувањето од креативноста на младите уметници го награди со благодарници.