Отворени денови за граѓаните во општина Велес
По празниците граѓаните на Велес ќе можат да се сретнат со градоначалникот Горан Петров, со претседателот на советот Славчо Чадиев и со вработените во општинската администрација. Општина Велес наредната недела ја прогласува за отворена недела за граѓаните. Општината ги повикува граѓаните да ја искористат оваа можност и да ги дадат своите идеи и предлози. Граѓаните исто така ќе можат да побараат одговор на прашања кои се од нивни интерес, да ги изнесат своите проблеми и да бараат решение за истите. Овие средби на граѓаните со градоначалникот, претседателот на советот и вработените во општинската администрација ќе се одвиваат во работното време на општината од 8 до 15.30 часот. Ова е за прв пат Општината да организира отворени средби со граѓаните.