Почит на борците од велешките одреди
По повод 67 годишнината од формирањето на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ и 65 годишнината од формирањето на одредот „Трајче Петкановски“, во организација на ОО на СЗБ од НОВ денес беше посетена Спомен - костурницата. На борците од велешките најголеми одреди почит им оддадоа претставници на Општина Велес, Гарнизонот на АРМ „Алексо Демниевски – Бауман“, претставници на политичките партии од Велес и нивните соборци од ОО на СЗБ од НОВ.
Пригодна програма по повод обележувањето на овие значајни годишнини изведоа ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“.
(21.04.2009)