МОЕ УЧИЛИШТЕ, ЕКО-УЧИЛИШТЕ
Во рамките на своите воннаставни активности учениците од ООУ,,Рајко Жинзифов“ Горно Оризари, Велес се вклучуваат во повеќе проектни и слободни ученички активности. Овој пат сакаме да ги претставиме членовите на еколошката секција кои се вклучени во реализација на проектните активности на проектот „Немаме резервна планета“ и програмата „Еко училишта“.
Во програмата наменета за подигање на свеста на луѓето за заштита на животната средина, здружението на граѓани ОХО има за цел да ги мотивира наставниците и учениците стекнатите знаења од овој проект да ги примени во пракса.
Во селото се започнати и се реализираа 3 подпроекти:
1.Собирни акции на стара хартија. Собрани се околу 500 кг хартија во 2 акции.Учениците заедно со своите наставници го изработија и ЕКО кодексот по кој се раководат и однесуваат во училиштето и надвор од него.
2.Собирни акции на ПЕТ амбалажа. Собрани се околу 420 кг ПЕТ амбалажа во неколку акции.
3.Уредување на училишниот двор во новата училишна зграда.
МОЕ УЧИЛИШТЕ ЕКО-УЧИЛИШТЕ
Го украсив мојот крај
во најубав зелен сјај.
засадив мало дрво што ќе расне
во нашето училиште.
Нечистиот воздух да згасне,
мали цветови ќе цветаат
и вредни пчелички ќе летаат.
Секој тука што ќе мине
од насаденото нема да кине.
Порака упатувам јас:
Чувајте ја природата секој час
и нашите училишта за сите нас.
Го украсив мојот крај
во најубав зелен сјај.
засадив мало дрво што ќе расне
во нашето училиште.
Нечистиот воздух да згасне,
мали цветови ќе цветаат
и вредни пчелички ќе летаат.
Секој тука што ќе мине
од насаденото нема да кине.
Порака упатувам јас:
Чувајте ја природата секој час
и нашите училишта за сите нас.
Албина Дациќ VIII б одд.