Обележан Светскиот ден на книгата – 23-ти Април
„На умните не им требаат скали за качување“ е насловот на книгата за деца добитник на наградата „Ванчо Николески“ од авторот Христо Петрески. Со нејзината промоција во Велес се обележи светскиот ден на книгата 23-ти Април. Промотор на делото беше д-р Мито Спасески. Во уметничкиот дел од настанот настапија членови на Литературниот клуб „Кочо Рацин“ и пијанистот Илија Настовски.
Организатор на настанот беше Локалната библиотека „Гоце Делечев“. Во Ликовниот салон пред присутните најнапред беа прочитани пораките на г-дин Киучиру Мацура – генерален директор на УНЕСКО и г-ѓа Елизабета Канчевска Милеска – Министер за култура во Владата на Република Македонија по повод Светскиот ден на книгата. Традиционално за овој ден Локалната библиотека на сите присутни им подари книга.
(23.04.2009)