Велес танцува
По повод обележување на меѓународниот Ден на танцот на 25 април сабота, со почеток во 12 часот во салата „Бели мугри“ ќе танцуваат младите вљубеници на модерните ритми. Во организација на балетско студио „Анабела“, а со поддршка на Општина Велес, градот ќе биде домаќин на над 150 деца од Куманово, Прилеп, Струга, Скопје и специјални гости од Херцег Нови, Република Црна Гора. Влезот е бесплатен, повелете на заедничко празнување со многу танци и музика, 25 април 2009 година (сабота) со почеток во 12:00 часот во салата „Бели Мугри“.