Велес – град на танцот
По повод 29 Април, Меѓународниот ден на танцот, во Организација на Балетското студио „Анабела“, а под покровителство на Општина Велес, во салата „Бели мугри“ се одржа меѓународна културна манифестација. На настанот учествуваа балетски групи од Велес, Прилеп и Радовиш. Специјални гости на настанот беа децата од Домот за деца без родители „Младост“ од Бјела, Херцег Нови, Република Црна Гора. Над 120 деца пред љубителите на модерниот танц ја покажаа својата умешност и ја воодушевија публиката во преполната сала.
Организаторот, Балетското студио „Анабела додели благодарници на сите учесници. Велес покажа дека умее да го негува танцот и да го преточи во мост на нови пријателства со Република Црна Гора. Г-дин Будимир Шчепановиќ, прв советник на Амабасадорот на Република Црна Гора во Македонија изрази подготвеност за продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Херцег Нови и Велес. Иницијативата ја прифати претседателот на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев кој се заложи оваа манифестација да прерасне во традиција.
(25.04.2009)