Освоено второ место на државното првенство во ракомет за средни училишта
Во рамките на државното првенство во ракомет, кое што се одржа во периодот од 23 до 25 април оваа година во спортската салата при Гимназијата “Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, Скопје, а во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во финалналниот натпревар играше со екипата на СОУ “Цар Самоил“ од Ресен и при тоа загуби со резултат 23 – 24 (13 – 13) на продолжување, со што го освои второто место во државата.
Во предходните натпревари нашата училишна екипа ги совлада екипите на СОУ “Славчо Стојменски“ од Штип, Спортската гимназија “Методи Митевски – Брицо“ и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ и двете од Скопје.
Патот до државното првенство беше реализиран со победите над сите средни училишта во општина Велес, потоа победа на зонските натпревари со совладување на екипа на СОУ “Богданци“ од Богданци, мегу зонските натпревари, со победа на екипите на средните општински училишта од Штип и Македонска Каменица. (зона исток и зона повардарие), кое што се одржа во спортската сала во Облешево.
Училишната ракометна екипа предводена од професорот Ангелче Гушев успеа да го постигне овој резултат во конкуренција на 75 средни училишта во Македонија со што докажавме дека во нашето училиште во целост се негува ракометната игра.

(28.04.2009)