Ликовна работилница „Водата извор на животот“
Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ во текот на месец април реализираат кампања „Водата се штеди зошто многу вреди“, во рамките на проектот Еко училиште. Со цел да се подигне свеста кај учениците и населенето за штедење на водата се превземени повеќе активности како:
1.Учениците твореа на литературен и ликовен конкурс
2.Трибина на тема „Водата извор на живот“ на која воведен излагач беше д-р. Ненад Коциќ, претседател на ЕД ,,Вила Зора“ (22.04.2009)
3.Ликовна работилница на тема ,,Водата извор на живот“ 28.04.2009 год.
Ликовната работилница се одвиваше во општинската канцеларија во на Општина Велес во Г.Оризари. Учесници освен учениците од ООУ ,,Рајко Жинзифов“ беа и ученици од училишта вклучени во проектот Еко училиште и тоа :ООУ „Благој Кирков“, ООУ „Ј.Х.К. Џинот“ од Велес и ООУ „Петар Поп Арсов“ од Богомила. Младите уметници создадоа мали уметнички дела кои ќе бидат изложени во општинската канцеларија. Подоцна ќе ги красат ходниците на училиштето домаќин на оваа манифестација, која беше посетена и од претседателот на советот на Општина Велес г-нот Славчо Чадиев, претставници на Општината од сектор образование, претсавници оде БРО, Велес како и претсавник од МОН. Овој настан предизвика внимание и кај месното население.
(28.04.2009)