Локалната самоуправа генератор на евроинтеграциите

ImageВо рамките на проектот „Акција за Европа“ што во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, ФИООМ, Младинскиот образовен форум и фодацијата „Фокус“ - Велес се реализира во повеќе градови во Република Македонија, на 7-ми мај во Велес се одржа дебата на тема: „Планови за приближување на општината до ЕУ“. На дебатата учествуваше Амбасадорот на Република Полска Дариуш Карол Бахура кој пред присутните ги презентираше придобивките на Полска од влезот во европското семејство.

„Финансиската помош што Полска ја доби со влезот во ЕУ беше на ниво на 6 годишни буџети. Особено значајни беа придобивките за младите генерации како главни корисници на фондовите и граѓани на Европа“, рече Амбасадорот Бахура. За преземените активности за зајакнување на капацитетите на општината во евроинтегративниот процес говореше градоначалникот Горан Петров.
 
ImageImage 
 
„Општина Велес покажа дека евроинтеграциите не ги сваќа како императив, туку како отворена можност за напредок на сите граѓани во локалната заедница. Нашата цел е Општина Велес да стане безбедно место за инвеститорите. Цврсто верувам дека сите ние тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори“, нагласи Петров. Тој оствари работна средба со Амбасадорот Бахура на која беа разменети мислења околу искуствата на Полска и неопходните мерки за подготовка на локалната самоуправа и државните институции во Македонија за членство во Европската Унија.
 
Image
 
(07.05.2009)