Велес го одбележа Денот на Европа

ImageПо повод 9-ти Мај, денот на Европа, во организација на Информативниот центар на Мисијата на ЕУ – Скопје и ЕУ инфо точката при Општина Велес, со манифестација во Младинскиот парк беше одбележан Денот на Европа. На штандовите што го привлекоа интересот на голем број граѓани, Учениците од Општинските основни училишта се потрудија на најдобар можен начин да ги претстават земките членики на ЕУ: Унгарија, Кипар, Чешка, Шпанија и Франција.
 

ImageImage 
 
Посебни штандови беа посветени на ЕУ и на Општина Велес. Во своето обраќање по повод празникот, градоначалникот Горан Петров го нагласи значењето на идејата за креирање на ЕУ: „Пред точно 50 години Декларацијата на Шуман ги постави основите на големото Европско семејство на држави кои од денешна гледна точка се симбол на солидарноста и развојот во светот. За Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија, токму принципите на солидарност и поттикнување на развојот се водечката сила кон која се стремиме во процесот на евроинтеграции“. Петров ја потенцираше значајната улога на седумте ЕУ инфо точки во Македонија меѓу кои и велешката, сместена во Граѓанскиот сервис центар каде  граѓаните од сите генераци можат да добијат полезни информации за организацијата на Европската Унија и расположивите развојни фондови.
 
ImageImage 
 
Манифестацијата беше збогатена со пригодна културно-уметничка програма во чии рамки настапија хорот при ООУ „Васил Главинов“ и  „Тринити бенд“.
 
(09.05.2009)