Ден на мајчинството

ImageГрадоначалникот на Општина Велес Горан Петров во придружба на претседателот на Советот и Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите денес го посетија Акушерското одделение на Општата болница во Велес. На мајките што во моментот се најдоа на акушерското одделение им го честитаа Светскиот ден на мајчинството и симболично, во име на божицата Кала заштитничка на плодноста, им подарија свежи цветови.

 

ImageImage 

Желбите изречени од сите присутни беа единствени – што повеќе жени од Општина Велес да го празнуваат овој по многу нешта единствен празник.

Image

(11.05.2009)