Ново партнерство со Хрватска
Хрватската фирма „КБ“ отвора свој продажен салон во Велес. Инвестицијата ја поздрави градоначалникот Горан Петров кој нагласи дека ова е почеток на динамичен економски развој на општината. „Започнавме да ги остваруваме нашите заложби за развој на општината на економски план. Верувам дека оваа инвестиција ќе привлече други инвеститори и ќе отвори можности за трговска размена“, рече Петров.
Бланка Крижанац, сопственик на фирмата КБ изрази задоволство од приемот во Велес со напомена дека овој чекор е можност за соработка помеѓу општините во двете земји. „Ќе се потрудиме не само да ги продаваме нашите производи, туку и да развиеме соработка која ќе биде од корист за двете земји, рече Крижанац. Седиштето на фирмата е во Општина Страчинец, Вараждинска Жупанија. Салонот на Хрватската фирма „КБ“ која се занимава со увоз и продажба на предмети од рачна изработка се наоѓа во населбата Речани и свечено беше пуштен во употреба на 13.05.2009.